Формула 1 шампионатот започнува овој викенд со Големата награда на Австралија, а на неа од пол-позиција ќе стартува Ландо Норис, британскиот возач кој квалификациите ги заврши со време од 1:15.096.
Најблиску до него беше неговиот клупски колега Оскар Пијастри со заостанување од две десетинки. Од третата позиција ќе започне актуелниот шампион Макс Ферстапен кој беше половина секунда поспор од Норис.
Очекувањата беа големи и за Ферари со оглед на резултатите покажани на тренинзите, но двоецот Леклер – Хамлтон потфрли во овие квалификации па стартот ќе го има од седмата и осмата позиција зад фантастичниот Цунода и Албон.
A starting grid with talking points throughout – here’s how we line up tomorrow in Melbourne 🤩#F1 #AusGP pic.twitter.com/c1q8U9QB19
— Formula 1 (@F1) March 15, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА