Доминација на Норвешка и Франција во идеалниот тим на СП

Норвешка е новиот светски шампион во ракомет во женска конкуренција откако денеска во финалето ја прегази Франција совладувајќи ја со 29-22. По завршувањето на финалниот меч Светската ракометна федерација го објави и најдобриот тим на шампионатот, а нормално во него доминираат репрезентативките на Норвешка.

За најкорисна ракометарка е избрана Кари Братсет Дале од Норвешка, а друштво и правата сонародничките Нора Мерк на десен бек и левиот бек Хени Рајстад. Место меѓу најдобрите има и за три Французинки, центарот Грејс Заади, левото крило Кореј Ласурс и пивотот Паулета Фопа.

Меѓу најдобрите уште се најдоа и десното крило на Шпанија, Кармен Мартин и данската голманка Сандра Тофт.

Се вчитува...