Доминација на Ред Бул на слободниот тренинг во Монако

Возачите на Ред Бул, Даниел Рикиардо и Макс Ферстапен доминираа на вториот слободен тренинг пред Ф1 трката за ГН на Монте Карло.

Австралиецот беше убедливо домнинантен на култната патека низ улиците на Монте Карло и постави најбрзо време од 1:11.841 минути. Ниеден друг возач не постигна време под 1:12 мин., а најблиску со Рикиардо беше неговиот клупски колега, Ферстапен, со најдобро време од 1:12.035 мин.

Двајцата возачи од Ред Бул зад себе ги оставија Себастијан Фетел од Ферари со време 1:12.413 и актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес со време од 1:12.536.

Трката за ГН на Монако се вози во недела со почеток во 14 часот.

Се вчитува...