ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Вардар имаше убав почеток на Ф-4 викендот во Келн, откако македонскиот првак е убедливо најзастапениот тим во дрим-тимот на Лигата на шампионите што беше објавен во хотелот „Радисон Блу“.
Роберто Гарсија Парондо е избран за тренер на сезоната, сосема заслужено откако и со „реновиран“ тим го одведе Вардар до нов фајналфор. Воедно, во идеалниот тим се најдоа и четворица ракометари на „црвено-црните“, и тоа Дибиров и Чупиќ како најдобри крилни играчи сезонава, потоа Криштопанс како најдобар десен бек и Дејан Милосављев како најдобар голман во елитното европско натпреварување.
Покрај четирите членови на Вардар, место во идеалниот тим имаше и за Хансен (ПСЖ) за најдобар лев бек, Агинагалде од Кјелце за најдобар пивот и Кентин Мае од Веспрем.
Фабрегас од Барселона е избран за најдобар млад ракометар, а Благотиншек од Веспрем е најдобар дефанзивец во изминатата сезона во Лигата на шампионите.
?Check the final selection of the All-star team vote where fans, media and experts all had their say. Enjoy! ?#ehffinal4 #hellocologne #veluxehfcl pic.twitter.com/tRb2K8oNCZ
— EHF Champions League (@ehfcl) May 31, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА