Доминик Клајн: Македонците ќе навиваат за Нант бидејќи Кире Лазаров е нивна легенда

Во фрaнцускиот Нант се надеваат дека во нивниот дебитантски настап на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн ќе ја имаат поддршката од бучните македонски навивачи. Адутот на Нант за „предност на трибините“ во однос на другите две француски екипи во Келн, е македонскиот капитен Кире Лазаров. Нант смета на македонската поддршка посебно во полуфиналето против ПСЖ.

Можеби ние имаме мала предност во однос на другите во Келн бидејќи навивачите повеќе се за аутсајдерот отколку за фаворитот. И се надеваме дека ќе имаме поддршка од македонските фанови бидејќи Кире Лазаров е нивна легенда. Знам сигурно и дека ќе имаме поддршка и од нашите фанови облежени во виолетово“ – изјави германскиот ракометар во составот на Нант, Доминик Клајн.

Другото полуфинале на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн е меѓу Вардар и Монпелје и тука воопшто нема дилема кој ќе има поголема и побучна поддршка од трибините, посебно од аголот резервиран за македонските навивачи.

Завршниот турнир во ЛШ ќе се одржи викендов во „Ланксес Арена“ во Келн. Во сабота се двата полуфинални дуели, а во недела ќе се одигра натпреварот за 3.место и голеното финале.

 

Се вчитува...