Доминик Парис најдобар на спустот во Гармиш

Доминик Парис е победник на спуст трката од сезоната во Светскиот куп која денеска се возеше во германскиот Гармиш Партенкирхен. Италијанецот до триумфот стигна со време од 1:33.81 минута што беше за 37 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Швајцарец Беат Фојц.

Подиумот го надополни Матијас Мајер од Австрија со задоцнување од 40 стотинки зад времето на победникот. Утре во Гармиш најдобрите алпски скијачи во светот ќе возат супервелслалом од каде се селат во италијанска Кортина Д’ампецо каде од 9. до 21. февруари ќе се одржи Светското првенство.

Се вчитува...