Доминик Тим е прв полуфиналист на Ролан Гарос

Австрискиот тенисер Доминик Тим е првиот полуфиналист на гранслем турнирот Ролан Гарос. Тој со убедлива игра го совлада Александер Зверев од Германија со 3-0 во сетови (6-4, 6-2, 6-1) и третпат последователно се пласира меѓу четворицата најдобри тенисери на гранслемот во Париз.

Тим успеа да го скрши отпорот на Зверев во првиот сет, а потоа уште полесно ги освои наредните два сета на патот кон полуфиналето. Тој во следната рунда ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и италијанскиот тенисер Марко Цечинато кој е во тек.

Се вчитува...