Доминик Тим го елиминираше Надал во Рим

Доминик Тим го приреди најголемото изненадување на Мастерсот во Рим елиминирајќи го Рафаел Надал во четвртфиналето по борба во два сета, со 6-4,6-3.

Австриецот на тој начин му се реваншираше на Шпанецот за поразот во финалињата во Барселона и во Мадрид оваа пролет, доаѓајќи до втората победа во шест одиграни меча против четвртиот светски тенисер.

23-годишниот тенисер сега во битката за финале ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро, кој се игра од 21 часот.

Се вчитува...