Доминик Тим прв финалист на Ролан Гарос

Австриецот Доминик Тим е првиот патник во финалето на гранслем турнирот Ролан Гарос. Тој со 3-0 во сетови го совлада италијанскиот тенисер Марко Чекинато и во битка за големиот трофеј ќе го чека подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро.

Чекинато пружи силен отпор во првиоте два сета, но потклекна во решавачките мигови. Доминик Тим секогаш знаеше да одигра најдобро кога беше најпотребно и го осволи првиот сет со 7-5 во гемови, а вториот го доби во тај-брејк, кој беше драматичен и крајно неизвесен. На крајот, Австриецот славеше на поени со 12-10.

Загубениот втор сет и дефинитивно го докрајчи Марко Чекинато, па третиот сет лесно и убедливо му припадна на Доминик Тим со 6-1 во гемови.

Се вчитува...