Доминик Тим се откажа од Вимблдон

Овогодинешното издание на Вимблдон ќе биде осиромашено со неиграњето на уште еден ас од Топ 10 тенисерите на АТП листата откако и Доминик Тим го откажа својот настап на британскиот гранслем турнир.

Австрискиот тенисер се повреди на турнирот во Мајорка, на дуелот со АДријан Манарино, а деталните прегледи покажаа сериозен проблем со зглобот на раката. Првичните прогнози се дека ќе мора да паузира најмалку пет седмици од терените, што значи дека покрај Вимблдон нема да настапи ниту на турнирите во Хамбург и Гштад, а крајно неизвесно е дали ќе може да се рехабилитира навреме за да биде дел од УС Опен.

Тим од претходно имаше објавено дека нема намера да учествува на Олимписките Игри во Токио.

„Добив информација дека морам да одморам во следните неколку седмици. Жал ми е што морам да се откажам од трите наредни турнири, Вимблдон, Хамбург и Гштад. Ова се тешки моменти за мене, но решен сум да се вратам уште посилен на тениските терени“, порача Доминик Тим.

Се вчитува...