„Дон Балон“: Ибрахимовиќ се сели во Реал Мадрид

Златан Ибрахимовиќ е подготвен да сврти нов лист во кариерата и по заминувањето од Милан повторно да ги промени клупските бои. Во игра досега беа Хамарби, Болоња и Фиорентина, но шпанскиот „Дон Балон“ тврди дека Златан ќе се реши за сосема поинаков чекор – враќање во Ла Лига и тоа во дресот на Реал Мадрид.

„Кралевите“ по најавеното заминување на Јовиќ ќе немаат ас кој би му конкурирал на Бензема за место како класичен голгетер во тимот на Зинедин Зидан. Ибрахимовиќ е токму таков профил на играч, згора на тоа е слободен да дојде без никаква отштета, а платата од околу пет милиони евра за цела сезона нема да претставува никаков проблем за Флорентино Перез.

Ибрахимовиќ претходнo мина една сезона во дресот на Барселона, но не се вклопи во тактичките замисли на Гвардиола крај Лео Меси, по што беше испратен на позајмица во Милан.

Се вчитува...