Донарума го пропушта и Лацио

Џанлуиџи Донарума не успеа да ја добие трката со времето, па италијанскиот голман ќе го пропушти и дерби-дуелот со Лацио што на програмата е викендов. Тренерот Џенаро Гатузо се надеваше дека Донарума ќе може да му помогне на тимот во овој клучен дуел во битката за ЛШ, но ризикот од обновување на повредата е преголем, поради што лекарскиот тим даде препорака тој да одмори уште кратко време пед да се врати на терените.

Заедно со Донарума овој натпревар ќе го пропушти и бразилскиот плејмејкер Пакета, а добра вест за Гатузо е што барем десниот бек Конти го надмина својот проблем со повредата и му се стави на располагање на стручниот штаб.

Милан моментно е четвртопласиран со 52 бода, три повеќе од Лацио, но римскиот клуб има и натпревар помалку од „росонерите“.

Се вчитува...