Донарума: Мбапе е од друга планета, тој е вонземјанин!

Килијан Мбапе синоќа беше човекот на одлука во победата на ПСЖ над Реал Мадрид. Французинот го постигна голот за победа во 94. минута после еден извонреден соло продор. Така „светците“ во Мадрид ќе патуваат со еден гол предност.

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума очигледно беше фасциниран од голот на Мбапе, па во изјава за медиумите потенцираше дека неговиот соиграч не е од оваа „Земја“.

„Килијан Мбапе … мама миа! Тој е вонземјанин, Килијан е од друга планета. Едноставно е неверојатен, може многу да направи на теренот. Со него секогаш е шоу без разлика дали сте на теренот или надвор од него. За неговата иднина ќе одлучи самиот. Ние уживаме секој ден со него“, изјави Донарума.

Се вчитува...