Донарума: Ме критикуваат дека сум дошол во Париз, а јас на сето тоа само се смеам!

Џиџо Донарума, италијанската „единица“ која летово дојде од Милан како слободен играч во Пари Сен Жермен им порача на сите хејтери и на сите медиуми дека е среќен во Париз и дека ниту една информација за некакво негово незадоволство не е точно.

Неодамна безмалку сите европски медиуми објавија дека Донарума бил несреќен, дека сака да си оди од ПСЖ зашто мора да ја дели минутажата со Кејлор Навас, а дека дури и Костариканецот бил во предност поради „латино кланот“ што го предводат јужноамериканците Меси, Нејмар, Ди Марија, Паредес…

„Го критикуваа мојот избор да дојдам во Париз, па сега тврдат дека сум незадоволен и дека сакам да си одам, ама на сето ова јас само – слатко се смеам. Што други и би направил кога ќе видам куп глупости и бесмилености, освен да се изнасмеам на тоа што се пишува и коментира за мене. Неверојатно е да се биде дел од овој тим, а никакви проблеми не постојат и среќен сум што сите ме поддржуваат“, вели Џиџо.

Се вчитува...