Донарума на излезна врата – Милан доби понуда која не се одбива?

Еден од најталентираните млади голмани, Италијанецот Џанлуиџи Донарума е на излезна врата од „Сан сиро“, пренесуваат медиумите на Апенините. Најзаинтересирани за потпис на младиот голман се од францускиот шампион Пари Сен Жермен кои се во потрага за прв голман по заминувањето на Џанлуиџи Буфон. „Светците“ за Донарума на Милан се подготвени да му исплатат 60 милиони евра.

Покрај добрата заработка од трансферот, „росонерите“ од продажбата на Донарума ќе успеат и да заштедат, бидејќи годишната плата на голманот изнесува 6 милиони евра. Покрај Донарума, Милан во тимот има уште еден голман кој е производ на младинската школа на клубот, Алесандро Пликариј кој ги има поминато сите младински репрзентации на Италија (У15 до У20).

Се вчитува...