Донарума демантира заминување: Сакам со ПСЖ да ја освојам Лигата на шампионите

Голманот на ПСЖ Џанлуиџи Донарума ги отфрли сите шпекулации за напуштање на парискиот клуб, и најави дека ќе остане со цел да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Во последните денови имаше многу информации околу негово напуштање на ПСЖ и враќање во Италија, односно во Јувентус или во Милан.

– Останувам во ПСЖ, сакам да ја освојам Лигата на шампионите. Оваа година ми беше аклиматизација, но задоволен сум како помина. Штета што ги разочарав навивачите во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да ја освоиме следната сезона, изјави Донарума за „Sky Sport Italia“.

Фудбалерот изјави и дека е во добри односи со голманот на парижаните Кејлор Навас.

Се вчитува...