Донарума: Притисокот во ПСЖ е поголем од Милан, сега сум во клуб кој атакува на сите трофеи

Голманот Џанлуиџи Донарума, кој минатото лето од Милан се пресели во ПСЖ, зборуваше за притисокот во францускиот клуб, како и за соработката со Кејлор Навас.

„Во споредба со Милан, тука во ПСЖ има поголем притисок. Сега сум во клуб кој што атакува на сите трофеи“, рече Донарума и додава:

„Соработката со Навас ми е одлична. Пријатели сме. Медиумите измислуваат секакви приказни, но конкуренција има во секој клуб. Одлуката за тоа кој ќе брани ја носи Покетино“, вели италијанскиот чувар на мрежата.

Трансферот на Донарума, ги разлути навивачите на Милан кои никако не му го простуваа трансферот, па пишуваа и транспаренти. На дуелот во Лигата на Нации со Шпанија кој се играше на „Сан Сиро“ навивачите го исвиркуваа и го навредуваа.

Се вчитува...