Донарума слави полнолетство, а желбата одамна си ја исполни: Сонував да бранам во Серија А

Легендарниот Џанлуиџи Буфон за него вели дека е иднината на италијанскиот фудбал. Го замени веќе и во репрезентацијата на Италија, а не беше ниту полнолетен. Ќе почека за вечниот Џиџи да замине во пензија, но потоа само небото му е граница со Италија, а дотогаш ќе се докажува на голот на Милан.

За него ќе воздивнуваат најголемите европски клубови, а тимот од „Сан Сиро“ сигурно нема да пропушти да го задржи за себе…

Џанлуиџи Донарума, момчето кое и како малолетно бранеше во манир на искусен голман во Серија А, денеска го слави својот 18-ти роденден. Има многу желби пред себе, но, како што вели, најголемата му се исполнила. Да заигра во Серија А.

„Секој млад човек има многу желби, ги има и јас, секако, но кога е фудбалот во прашање, најголемата веќе ми се исполни. Сонував да бранам во Серија А и благодарност до Милан што мојот сон го претвори во стварност. Ќе се трудам тоа да го оправдам на секој нареден меч и сега имам нови желби, за многу трофеи со мојот клуб“, изјави Џанлуиџи Донарума.

Дебитираше на 25 октомври 2015 година. Тогашниот тренер на Милан, Синиша Михајловиќ, го остави на клупата Диего Лопез, поранешниот голман на Реал Мадрид, а го испрати меѓу диреците голобрадото момче. Но, така почнуваат сите легендарни приказни…Донарума тукушто почна да ја испишува својата…

Се вчитува...