Донарума убеден: Ќе ја елиминираме Македонија, а потоа и Португалија – Италија оди во Катар!

Џанлуиџи Донарума, голманот на Италија и ПСЖ е премногу самоуверен пред бараж натпреварот со Македонија. Џиџо истакна дека нема дилема за патникот на Светското првенство во Катар, па најави дека „аѕурите“ без проблем ќе ги поминат двете последни пречки, нашата селекција на 24 март во Палермо односно Португалија или Турција на 29 март на гости.

Донарума силно верува во оваа италијанска генерација, која по 52 години вторпат во својата историја стигна до европската круна, а тој блескаше на голот, бранејќи клучни пенали во полуфиналето (Шпанија) и финалето (Англија) на патот кон тронот.

„Немам дилема, јас сум убеден дека ќе играме на Светското првенство. Сите знаат каков тим сме и дека кога е најтешко ќе реагираме најдобро. Знаеме како да реагираме во тешки моменти, иако после Евро 2020 ни недостигаше тоа, но сега ќе се случи. Убеден сум дека ќе одиме во Катар“, вели Донарума.

Џанлуиџи изјави дека Италија не се плаши од Роналдо и Португалија, а уште помалку од Македонија.

„Можеби ќе беше подобро да не ја бараме визата на гости во финале, но нема сомнение ќе победиме во првиот меч со Македонија, а паотоа ќе бидеме подготвени уште повеќе мотивирани за финалето. Никој не нѐ плаши, ниту има од кого да се плашиме“, потенцираше Донарума.

Се вчитува...