Џанлуиџи Донарума синоќа имаше причина за задоволство откако конечно дебитираше во Лигата на Шампионите, на дуелот меѓу ПСЖ и Манчестер Сити. Згора на тоа, италијанскиот голман беше меѓу најзаслужните за големата победа од 2-0, со која „светците“ се искачија на првото место во својата група.
Веднаш по мечот, Донарума ги демантираше гласините дека е несреќен во Париз бидејќи тренерот Покетино му давал поголема минутажа на Кејлоир Навас во однос на него.
„Во последните денови се изначитав како сум бил несреќен, како едвај сум чекал да си заминам од Париз затоа што не ме ценеле доволно. Само читам и се смеам, не знам што друго да кажам кога се апсолутно лажни вести во прашање. Дојдов овде за да бидам дел од сериозен проект и среќен сум што сум член на ПСЖ. Сите во клубот имаат огромна доверба во моите квалитети, тоа е најважно и сите заеднички сме фокусирани кон освојување на што повеќе трофеи. Се останато е обична лага“, изјави Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА