Дончиќ блеска кога е најважно – трипл-дабл на Словенецот за нов „брејк“ на Далас

Далас се врати во предност во полуфиналната серија со Оклахома Сити откако маверикс славеше на гостински терен со 92-104, поведувајќи со 3-2 во пресрет на шестиот меч што Дончиќ и соиграчите ќе го играат на домашен терен. Откако на последниот меч беа поразени пред своите гледачи, кошаркарите на Далас рано утрово одиграа на повисоко ниво, пред се во одбраната, успевајќи да го запрат противникот под 100 постигнати поени.

На спротивната страна, во нападот повторно блескаше Лука Дончиќ, кој одигра импресивно и стигна до трипл-дабл од 31 поен, 10 скока и 11 асистенции. Џонс постигна 19 поени за Далас, а Кајри Ирвинг имаше скромни 12 поени, но и тоа беше доволно за Далас да стигне до победата. Гилџус Александер со 30 поени беше најдобар во домашниот состав, недоволно за да се стигне до посакуваниот резултат.

Бостон се пласираше во финалето на Источната конференција откако селтикс на домашен терен го декласираа составот на Кливленд со 113-98, за победа од 4-1 во оваа плејоф-серија. Тејтум со 25 и Хорфорд со 22 поени беа најдобри поединци во таборот на Бостон, додека на Кливленд не му помогнаа ниту 33-те поени на Мобли.

Бостон за противник во финалето на Истокот ќе го има подобриот од серијата меѓу Њујорк и Индијана, во која Њујорк моментно има предност од 3-2 во победи.

Се вчитува...