Дончиќ е незапирлив: Погоди „од кош на кош“, па го „седна“ Клавер на земја (ВИДЕО)

Супер-талентираниот Лука Дончиќ беше незапирлив предводејќи го тимот на Реал Мадрид до голема победа (87-75) над ривалот Барселона во евролигашкото „Ел класико“. Младиот репрезентативец на Словенија во два наврати ја „крена“ публиката на нозе откако погоди тројка преку цел терен со звукот на сирената за крај на третата четвртина, а потоа го посрамоти кошаркарот на каталонскиот состав Виктор Клавер и асистираше за лесни поени на „кралевите“.

Со постигнати 16 поени, 7 асистенции и 6 скока Дончиќ осигура многу значајна победа за Реал и практично ја прекина серијата од три порази во низа на неговата екипа во Евро – лигата.

https://www.youtube.com/watch?v=2fAsO0q7p2E

Се вчитува...