Дончиќ го стигна Коби Брајант, со 1.139 помалку одиграни натпревари

Лука Дончиќ со генијален шут преку двајца кошаркари на Бостон му ја донесе на тимот на Далас победата на синоќешниот дуел со големиот ривал. Младиот 22-годишен Словенец ја игра својата трета сезона во НБА и веќе има погодено три тројки за победа на својата екипа, бројка со која се наоѓа на самиот врв на ранг-листата во НБА-лигата.

Само за споредба, неповторливиот Коби Брајант за време на својата извонредна кариера исто така има погодено три победнички тројки, но од вкупно 1346 одиграни средби, додека Дончиќ до оваа бројка стигна по само 207 натпревари во НБА. По три победнички шутеви од далечина имаат погодено и Кевин Дурант (од 893 средби) и Демијан Лилард (691 одигран меч).

„Ова се моменти за кои се живее. Да се дадат поени за победа со звукот на сирената и да се почне да се слави, тоа е најдоброто чувство во светот“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...