Дончиќ и Двајт Пауел донираа 500.000 долари за децата на здравствените работници

Кошаркарите на Далас, Лука Дончиќ и Двајт Пауел донираа 500.000 долари на клупската фондација, како донација за воспитувањето на децата на здравствените работници, ангажирани во борбата со коронавирусот.

Средствата се наменети за здравствени работници кои се борат со пандемијата Ковид-19 во болницата „Паркланд“ и во медицинскиот центар на Тексасшкиот југозападен универзитет.

„Благодарам на Лука и Двајт што се приклучија на иницијативата за да им помогнат на здравствените работници кои даваат се од себе. Ова е нешто за кое никогаш нема да можеме да им се оддолжиме“ – истакнаа од Тексасшкиот југозападен универзитет.

НБА лигата има десет потврдени случаи на заразени играчи на коронавирус, од кои пет се познати – Руди Гобер и Донован Мичел од Јута, Кевин Дурант од Бруклин, Кристијан Вуд од Детроит и Маркус Смарт од Бостон. Заразени со уште тројца неименувани кошаркари од Бруклин и двајца од Лос Анџелес Лејкерс.

Се вчитува...