Дончиќ и Кари први ѕвезди на полувреме од „Ол-стар“ натпреварот

НБА лигата ги објави кошаркарите кои ќе настапат на полувреме на „Ол-стар“ натпреварот во Атланта. Поради пандемијата од коронаврусот НБА се врати на стариот начин на одржување на натпреварот меѓу најдобрите кошаркари во светот, а тоа значи дека на полувреме од мечот, ќе бидат одржани и натпреварите во тројки, забивање и вештини.

Прва ѕвезда ќе биде Стеф Кари кој ќе ги предводи кошаркарите кои ќе се натпреваруваат во тројки. Покрај најдобриот шутер на сите времиња дел од ова натпреварување ќе бидат и Џејсон Тејтум (Бостон), Донован Мичел (Јута), Зек Левин (Чикаго), Девин Букер (Феникс) и Џејлен Браун (Бостон).

Во најатрактивното натпреварување, а тоа е забивањето се најдоа Оби Топин (Њујорк), Анферни Симонс (Портланд) и Касиус Стенли (Индијана).

Во натпреварот во вештини, предводник ќе биде Лука Дончиќ, а друштво ќе му прават и Крис Пол (Феникс), Домантас Сабонис (Индијана), Никола Вучевиќ (Орландо), Џулиус Рендл (Њујорк) и Роберт Ковингтон (Портланд).

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @nbatv

Се вчитува...