Дончиќ и Словенија доживеаја дебакл од Грција и останаа без ОИ

Словенечката кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира на ОИ во Париз, откако денеска доживеа дебакл од Грција и пораз со 29 поени разлика – 96-68.

Кога ќе се погледне, реално Словенија освен стартната петорка немаше доволно силна клупа, која секако Грција обилно ја искористи и на крајот речиси стигна до нивото од 100 поени, со што му ги покажа мускулите на ривалот кој ќе дојде од другата страна на костурот во финалето, а тоа ќе биде или Хрватска или Доминиканската Република.

Залудни беа 21 поени на Дончиќ, кој беше најефикасен кога ја немаше поддршката од своите соиграчи. Вокап кај Грција беше најефикасен со 19 поени.

Се вчитува...