Дончиќ, и „здебелен“и „неподготвен“, им одржа лекција на сите… (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ за време на паузата поради пандемијата на коронавирусот беше на жесток удар поради физичката состојба за која многумина тврдеа дека ја контролира како што треба.

Американските медиуми во континуитет го напаѓаа Дончиќ поради одлуката да се врати во Словенија каде се здебелил, воопшто не ги почитувал насоките за одржување на физичката подготвеност и дека кога ќе треба да продолжи сезоната тој нема ниту најмалку да биде подготвен.

Но, Дончиќ уште по самото враќање во Далас покажа дека тоа се само празни приказни, а синоќа на подготвителниот натпревар против Индијана, таков „здебелен“ и „неподготвен“ им одржа лекција на сите. Далас загуби, но Дончиќ беше најдобар на паркетот, за само 24 минути постигнувајќи 20 поени, дополнети со 11 скока и 10 асистенции. Неговите потези ја воодушевија јавноста, покажувајќи им дека приказните за лошата форма беа лажни…

Се вчитува...