Дончиќ имал мала незгода во Љубљана која за среќа завршила среќно

Еден од најдобрите млади кошаркари во светот, Лука Дончиќ времето во карантин го поминува во родната Словенија. Откако НБА сезоната беше суспендирана поради пандемијата од коронавирусот тој одлучи да се во Љубљана каде работи индивидуално до повторното отворање на тренинг камповите во САД.

Тој во центарот на Љубљана овие денови имал мала незгода бидејќи успеал да го загуби паричникот, во кој биле сите лични документи и кредитни картички. Сепак, се нашол некој совесен граѓанин кој успеал да го пронајде паричникот и да му го врати на Дончиќ.

Се очекува НБА лигата да продолжи некаде на средината на месец јули, а натпреварите да се играат или во „Дизниленд“ во Флорида или во Лас Вегас.

Се вчитува...