Дончиќ: Јас сум го навредувал Гобер? Не е точно… Само зборував нешто на словенечки! (ВИДЕО)

Далас ја совлада Минесота со 108-109 поведувајќи со 2-0 во финалната серија во Западната конференција на НБА лигата, благодарение само на волшебникот Лука Дончиќ кој донесе триумф со феноменална тројка на три секунди пред крајот.

При резултат 108-106, Дончиќ танцуваше покрај Руди Гобер лесно ослободувајќи се од најдобриот одбранбен играч во лигата и погоди тројка за триумф на неговиот тим.

„Не одлучувам ништо пред да почне акцијата, затоа што гледам што ќе ми донесе одбраната. Не беше договор да се оди на шут за победа, но чувствував дека треба да дојдам на моето омилено место и да шутирам. Му реков на Лајвли да дојде да блокира, знаев дека Гобер ќе преземе, тоа го сакавме“ – изјави Лука Дончиќ по мечот.

*** ПОВРЗАНО: Гобер подло го удри со бокс Дончиќ, па Лука на крај му одговори со победничка тројка и жестоки пцовки! (ВИДЕО)

По оваа акција тој се пушти вербално на Французинот со бројни жестоки пораки. На прес-конференцијата му беше соопштено дека се е прочитано од неговите усни што кажал, но тој негираше.

„Кој го рече тоа? Јас? Јас сум го навредувал Гобер? Не, не е точно. Јас само кажував нешто на мојот јазик”.

Далас сега води со 2-0 во финалната серија која се сели во Тексас.

Се вчитува...