„Дончиќ може да биде и подобар од Новицки“

Сопственикот на Далас, Марк Кјубан, е горд на направениот избор на драфтот во 2018 година, кога овој клуб клуб го избра тинејџерот Лука Дончиќ.

„Знаевме дека е добар, па не потрошивме толку пикови на следните драфтови за да го доведеме Лука. Сепак, никој од нас не можеше ни да претпостави дека ќе стане толку добар за толку кратко време. Мислевме дека ќе му треба повеќе време за да стигне до олстар-калибар, но Дончиќ со својот развој ги изненади сите“, изјави Кјубан.

Првиот човек на Далас е оптимист дека младиот Словенец би можел да ги надмине успесите што во дресот на маверикс ги имаше легендарниот Дирк Новицки.

„Дали може да биде подобар од Дирк? Да, мислам дека може… кошарката сега е побрза, се игра поотворено отколку кога Новицки дојде во САД. Дончиќ подобро се снаоѓа во таквата брза кошарка, верува дека може да освои МВП-признанија, може да ја освои титулата со нас. Знам дека и Дирк би го сакал тоа, тие двајца се добри пријатели, се поддржуваат на секој можен начин“, истакна Марк Кјубан.

Се вчитува...