Дончиќ му одговори на тренерот кој го критикуваше за формата: „Не ми е грижа…“

По четири месеци пауза, една од најголемите млади ѕвезди во НБА лигата, Словенецот Лука Дончиќ вели дека едвај чека враќање на паркетот.

„Никогаш не размислувам да не игра. Желен сум за кошарка и сакам да играм. Тоа никогаш не е доведено во прашање“ – јасен е Дончиќ.

Ќе биде интересно да се види и во каква физичка подготвеност е 21-годишниот Словенец со оглед на тоа што неговиот кондициски тренер неодамна изјави дека не е баш во најдобра форма.

„Тоа го мислеше за играта пет на пет, а не за физичката подготвеност. Но искрено, не ми е грижа затоа што јас најдобро знам во каква форма сум. Мислам дека е добра и дека ќе биде уште подобра до првиот меч во Орландо“ – вели Дончиќ.

Се вчитува...