Словенечката кошаркарска ѕвезда, Лука Дончиќ и покрај тоа што одигра 92 натпревари во првенствениот дел од НБА лигата и притоа тоа го направи под повреда во разигрувањето за титула и се стави на располагање на неговата репрезентација за квалификациите за Олимписките игри кои ова лето ќе бидат одржани во Париз.
На неизвесноста за настап на турнирот во Атина, Дончиќ дефинитивно стави крај на пресконференцијата за медиуми пред пријателскиот натпревар против Бразил на која тој изјави дека секогаш му е чест да игра за Словенија.
„Секогаш ми е чест да играм за Словенија. Ќе играм кога и да можам тоа постојано го велам. Ми беше тешко да донесам одлука за настап сега поради повредата и долгата сезона која е зад мене, но тука сум и чест ми е навистина.
Словенија да игра на втори Олимписки игри по ред е големa работа. Често се сеќавам колку малку ни недостасуваше за медал во Токио. Затоа мотив во Грција нема да ни недостасува. Свесни дека патот до Париз нема да биде лесен. Не очекува Хрватска, потоа и Нов Зеланд, а да не говорам за Грција со Јанис Адетокумпо и гласните грчки навивачи“, вели Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА