Дончиќ: Не ми е првпат да играм во плеј-оф, па тоа го правев во Европа

Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ вели дека нема да му биде проблем тоа што првпат ќе биде дел од плеј-офот во НБА лигата. Мавс лигашкиот дел од сезоната го завршија на седмата позиција во Западната конференција, а во првата рунда за противник ќе ги имаат Лос Анџелес Клиперс.

„Да, тоа е плеј-оф, но јас веќе имам играно плеј-оф во Европа. Не е исто ниво, но исти се емоциите и возбудувањето, тоа е сигурно. Тешко е да се игра и во Европа. Велам, емоциите се исти и затоа човек мора да биде подготвен“, изјави Дончиќ. 

Првиот натпревар од серијата е вечерва во три часот по полноќ, а поради пандемијата од коронавирусот сите натпревари се играат во „Дизниворлд“ на Флорида.

Се вчитува...