Дончиќ не знае да сопре, Милвоки со прв пораз (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го водеше својот Далас Маверикс до уште една победа во НБА лигата, откако синоќа Мавс славеа на домашен терен против Бруклин Нетс со 96-94.

Одличниот Словенец деветти меч од стартот на сезоната постигнува повеќе од 30 поени, а минатата вечер стигна до бројката од 36. Кај поразените залудни беа 26 поени на Кевин Дјурант.

Кошаркарите на Милвоки Бакс го забележаа првиот пораз сезонава откако загубија на гостувањето кај Атланта Хоукс со 117-98. Дехунте Мареј со 25 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека со исто поени кај поразените заврши Јанис Адетокумбо.

Се вчитува...