Дончиќ ниту со 40 поени не успеа да го спаси Далас од пораз, потегот на вечерта за Марјановиќ (ВИДЕО)

Ниту феноменалната партија на Словенецот Лука Дончиќ не успеа да му помогне на Далас да го избегне поразот од Феникс на синоќешниот дуел во НБА лигата.

Далас загуби со 117-115 од Феникс, а Дончиќ мечот го заврши со 40 поени, 11 асистенции и 8 скока. На спротивната страна одличен беше Девин Букер со 30 поени, четири асистенции и четири скока.

Потегот на вечерта за Бобан Марјановиќ, пак, кој успеа да забие покрај Шпанецот Рики Рубио, онака по малку неочекувано за неговиот „габарит“.

 

Во останатите синоќешни натпревари, Бруклин славеше против Вашингтон со 118-110, Бостон го победи Портланд со 128-124, Сан Антонио го победи Мемфис со 106-108, Орландо беше подобар од Сакраменто со 132-116 а Хјустон го победи Милвоки со 120-116.

Се вчитува...