Дончиќ повторно брилјираше, Леброн Џејмс на чекор од „трипл-дабл“

Кливленд запиша нов пораз во НБА лигата, овој пат на домашен терен од Оклахома со 86-95.

Иако играше без првата ѕвезда, Оклахома стигна до триумфот без поголеми проблеми а најефикасен беше Шредер со 28 поени, додека Пол Џорџ дополни 18 поени.

Далас предводен од Лука Дончиќ загуби на гостувањето од Јута со 117-102. Дончиќ, сепак, беше најефикасен на мечот со дури 24 поени. Кај домашните предводеше Мичел со 23 поени.

Победничката низа ја продолжи Торонто победувајќи го Сакраменто со 114-105, а до победата ги водеше Каваи Леонар со 25 поени и 11 скока.

Мемфис во „Федекс арената“ славеше против Денвер со 89-87, на тој начин нанесувајќи му го вториот пораз сезонава. Њу Орлеанс конечно успеа да ја прекине низата порази, славејќи на домашен терен против Чикаго со 107-98. До триумфот ги водеше Ентони Дејвис со 32 поени и 15 скока.

Лејкерси, пак, победија против Минесота со 114-110. Најдобар на мечот беше Дерик Роуз со 31 поен. Кај Лејкерси Леброн Џејмс постигна 24 поени, со 10 скока и 9 асистенции…

Се вчитува...