Кошаркарите на Далас Маверикс стигнаа до нов триумф во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс со 112-125.
Повторно најдобар поединец во таборот на франшизата од Тексас беше Лука Дончиќ кој мечот во Орегон го заврши со 32 поени надополнети со десет асистенции и шест скока. Кај поразените Aнферни Симонс заврши со 30 поени.
Нова непрепознатливо шутерска вечер за Никола Јокиќ. Србинот во поразот на неговиот Денвер Нагетс од Хјустон Рокетс 106-114, иако беше најдобар поединец со 23 поени, повторно за негови стандарди имаше очајна шутерска вечер со 9 од 26 од поле. Кај победникот се истакна Фред Ванвлит со 26 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Мајами – Кливленд 99-111, Филаделфија – Атланта 125-114, Орландо – Детроит 123-91, Шарлот – Торонто 119-116, Бостон – Њујорк 133-123, Бруклин – Вашингтон 124-97, Оклахома – Голден Стејт 138-136, Мемфис – Минесота 103-127, Сан Антонио – Чикаго 112-121, Феникс – Сакраменто 106-114 и Јута – ЛА Клиперс 103-117.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА