Дончиќ повторно одличен, Голден стејт до рутинска победа

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ пружи уште една одлична партија за Далас кој славеше синоќа против Чикаго со 115-109.

Дончиќ на паркетот мина 36 минути, постигнувајќи 19 поени дополнети и со шест асистенции и три скока. Најефикасен во неговиот тим беше Метјус со 20 поени, додека Чикаго беше предводен од Лавајн со 34 поени и Паркер со 20 поени.

Голден стејт на свој паркет рутински славеше против Феникс со 123-103 со 29 поени на Стеф Кари. Гостите со 28 поени ги предводеше Букер.

На останатите синоќешни средби, Орландо на гости беше подобар од Бостон со 90-93. „Дабл-дабл“ постигна одличниот Вучевиќ (24 поени и 12 скока), додека Торонто на свој терен го победи Шарлот со 127-106. Најефикасен кај победниците беше Каваи Леонард со 22 поени, додека кај Шарлот се издвои Кемба Вокер со 26 поени.

Милвоки пред своите навивачи славеше против Њујорк со 124-113. Најефикасен кај Милвоки беше Антетокуомпо со 31 поен. Минесота, исто така, како домаќин победи против Индијана со 101-91, додека Мемфис на гости беше подобар од Јута победувајќи со 84-92.

Се вчитува...