Дончиќ: Секој кошаркар треба да се угледа на Дирк Новицки

Двете големи ѕвезди на Далас Маверикс, Дирк Новицки и Лука Дончиќ поминаа една сезона заедно на паркетот во НБА лигата, а импресиите кои ги остави Германецот над Словенецот и во кус период се нешто што младиот талент ќе ги помни до крајот на животот.

Говорејќи за медиумите по натпреварот против Орландо, Дончиќ не ја пропушти можноста да го спомене Новицки велејќи дека тој треба да биде пример за секој кошаркар во првенството.

„Имав среќа да играм со него една сезона. Тоа што го има направено за Далас е неверојатно, не само како кошаркар туку како човек има големо влијание. Треба да биде пример за секој кошаркар во првенството“, вели Дончиќ.

Се вчитува...