Дончиќ-шоу во Милвоки (видео)

Се уште во тек се претсезонските натпревари, но Лука Дончиќ делува мотивирано да продолжи онаму каде што застана пред само неколку месеци.

Словенецот блесна и во синоќешната пресметка против Милвоки, што неговиот Далас ја доби со убедливи 128-112. Дончиќ играше „на рутина“, но сепак собра 23 поени надополнети со седум скокови.

На спротивната страна, Јанис Адетокумбо отвари дабл-дабл од 24 поени и 14 скокови, што сепак беше недоволно за Милвоки да избегне пораз.

Се вчитува...