Дончиќ со нова награда од Евролигата

Втора сезона по ред, ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Дончиќ е прогласен за „играч во подем“ во кошаркарската Евролига. Словенечкиот репрезентативец сосема заслужено и без дилеми, откако беше моторот на Реал Мадрид сезонава, го понесе признанието за најперспективен млад играч за сезоната 2017/18. Тој во актуелнава сезона имаше просек од 16,1 поени 4 скока и 4,4 асистенции по натпревар.

Признанието за „играч во подем“ се доделува од 2004 година, на кошаркари кои пред стартот на првенството, заклучно со 1 јули имале помалку од 22 години. Од 2004 година само уште на двајца други играчи, Никола Миротиќ и Богдан Богдановиќ им успеало да ја добијат наградата две сезони по ред. Во текот од оваа сезона, Дончиќ беше прогласен за МВП на Евролигата за октомври, а четирипати го добиваше признанието за МВП на колото, што не му успеа на ниту еден друг кошаркар.

За оваа награда во Евролигата гласаат главните тренери на екипите кои што се дел од сезоната.

Лука Дончиќ и Реал Мадрид ќе бидат дел од Ф4 турнирот во Евролигата. Во полуфиналето, шпанскиот тим ќе игра против ЦСКА Москва.

Се вчитува...