Дончиќ со рекорд, Далас се врати на победите (ВИДЕО)

Словенецот Лука Дончиќ со 42 поени го предводеше Далас до победа против Портланд со 117-112. Со тоа Дончиќ ја продолжи серијата на одлични партии и оствари нов, 49-ти трипл дабл во НБА кариерата. Покрај 42 поени, запиша и 10 скока и 13 асистенции. Имаше поддршка од Динвиди и Вуд кои додали по 20 и 19 поени во враќањето на Далас на победничките патеки после два порази на гостински терен.

На Портланд не им помогна ниту одличната игра на Гранд и Лилард, кои уфрлија 37, односно 29 поени.

42 поени постигна и Џоел Ембид од Филаделфија, и го предводеше својот тим во победата над Атланта со 121-109. Но, на крајот Ембид се повреди, па останува да се види дали и колку ќ паузира. Во поранежниот тим Тре Јанг беше најефикасен со 27 поени.

Во едно од дербијата ноќеска, Бруклин како гостин ги победи Клиперси во Лос Анџелес со 110-95. До победата ги предводеше Кевин Дурент со 27 поени.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

ЛА Клиперс – Бруклин 95:110
Вашингтон – Јута 121:112
Детроит – Бостон 108:117
Индијана – Торонто 118:104
Филаделфија – Атланта 121:109
Мајами – Шарлот 132:115
Далас – Портланд 117:112
Њу Орлеанс – Хјустон 119:106

Се вчитува...