Кошаркарите на Оклахома поведоа против Далас во полуфиналето од плејофот во Западната конференција, славејќи во првиот меѓусебен меч со 117-95.
Оклахома беше предводена од Шеј Гилџус – Александер со 29 поени, девет скока и девет асистенции. Холмгрен заврши со 19 поени, седум скока, три блокади и две украдени топки, а Џејлен Вилијамс постигна 18 поени.
Кај Далас, Кајри Ирвинг постигна 20 поени, Лука Дончиќ имаше 19 поени, девет асистенции и шест скока, а Даниел Гафорд дополни со 16 поени, 11 скока и пет блокади. Данте Егзум мечот го заврши со пет поени.
Лука Дончиќ не беше на свое ниво на овој меч, видно физички лимитиран. Словенецот не беше доволно подготвен ни за мечот против ЛА Клиперс, но очигледно беше дека и против Оклахома е надвор од својата физичка граница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА