Дончиќ, заедно со Леброн, Харден…, во најдобрата петорка на НБА лигата сезонава

Словенецот Лука Дончиќ заедно со Гркот Јанис Адедокумбо како и Американците, Џејмс Харден, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис е избран во најдобрата петорка на сезоната во НБА лигата, според изборот на читателите на француски „Л’Екип“.

Дончиќ, кој настапува за Далас, како организатор на играта доби 77% од гласовите, а зад него беше Демија Лилард од Портланд со скромни 10%.

Џејмс Харден од Хјустон доби 69% од гласовите, меѓу дефанзивците, пред Џими Батлер (Мајами) со 12%. Леброн Џејмс доби дури 80% од гласовите, а најмногу гласови доби Адедокумбо од Милвоки, дури 92%.

Најнеизвесна беше борбата на центарската позиција, но Дејвис (ЛА Лејкерс) сепак доби 56% гласови пред Руди Гоберт.

Според најавите, иако се уште неофицијално, НБА лигата се очекува да продолжи на 15. јуни.

Се вчитува...