Дончиќ жестоко нападнат по еден свој коментар: „Затоа нема да бидеш Џордан!“

Словенечката кошаркарска ѕвезда, Лука Дончиќ подигна лавина коментари на социјалните мрежи по еден свој став околу рестартот на сезоната во НБА лигата.

Дончиќ го гледаше дербито на Лос Анѓелес, меѓу Лејкерс и Клиперс, а по настапот на Пол Џорџ кој постигна 30 поени, но ги промаши клучните шутеви, напиша:

„ПЏ30 е проблем. Секогаш било така“.

Овој пост на Дончиќ предизвика бројни реакции со напади кон Словенецот.

„Оди легни си и подготвувај се за твојот натпревар, а не да го коментираш Џорџ и неговата игра. Мајкл Џордан никогаш не би напишал нешто слично за Коби непосредно пред доигрувањето. Затоа нема да бидеше Џордан“ – се дел од коментарите упатени кон Дончиќ.

А, токму Лејкерс би можеле да бидат противник на Далас на почетокот од доигрувањето, па поради тоа коментарот на Дончиќ уште повеќе им засмета на љубителите на НБА кошарката.

Се вчитува...