Доне Ристовски судеше во полуфинале на Европско првенство во футсал

Македонскиот судија Доне Ристовски доби големо признание на Европското младинско првенство во футсал кое кое се одржува во Пореч, Хрватска.

Нашиот интернационален судија испиша историја за футсалот во Македонија, делејќи ја правдата на полуфинален натпревар во рамките на европски шампионат.

Доне Ристовски синоќа беше главен судија на полуфиналниот дуел меѓу селекциите на Португалија и Словенија кој заврши со победа на Португалија од 3-2.

Се вчитува...