Донесена одлука: Ериксен го напушта Манчестер Јунајтед

Кристијан Ериксен, данскиот фудбалер од средниот ред ќе го напушти тимот на Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната, откако неговиот договор со тимот не е продолжен. Челниците на Манчестер одлучија да не го продолжат неговиот договор, кој истекува на крајот на сезоната, со што Данецот ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент.

Ериксен дојде во Манчестер во 2022 година од Брентфорд, а во минатото играше во Интер, Тотенхем и Ајакс. Тој на ЕП во 2021 година за време на мечот Данска – Финска во Копенхаген, колабираше на теренот откако доживеа срцев удар. Се врати после осум месеци пауза.

Засега не се знае следната дестинација на Ериксен. Се шпекулира со можно враќање во Ајакс, но и можно е да се врати во Данска и да заигра во Копенхаген.

Се вчитува...