Донесена пресуда – Бензема е виновен за обид за уцена, Французинот доби казна затвор од една година

Карим Бензема е виновен за вмешаност во обидот за уценување на неговиот колега од репрезентацијата Матју Валбуена, донесе пресуда францускиот суд. Ѕвездата на „кралевите“ доби условна казна затвор од една година и парична казна од 75.000 евра.

Францускиот суд одлучи дека Бензема бил вмешан во целиот скандал, но не ги знаел деталите, па затоа неговата казна е само условна. Тој бил посредник меѓу Валбуена и уценувачите. За потсетување вмешаните во целиот скандал сакале да извлечат пари од Валбуена кој бил уценуван со секс-снимка.

Бензема поради целиот скандал беше исфрлен од националниот тим, но минатото лето по пауза од пет години, Дидие Дешамп се одлучи да го врати во репрезентацијата.

Се вчитува...