Дополнителен проблем за Реал М.: Двајца клучни играчи го пропуштаат реваншот со ПСЖ

Реал Мадрид синоќа загуби од ПСЖ во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите со 1:0. „Кралевите“ не упатија ниту еден удар кон голот на Донарума, а одолеваа се до крајот, кога Мбапе во 96. минута успеа да го најде патот до мрежата на одличниот Куртоа, и да донесе голема победа.

Реал Мадрид се надева на победа во реваншот, но задачата ќе биде уште потешка ако се има во предвид дека Карло Анчелоти нема да смета на двајца клучни играчи. Станува збор за играчот од средниот ред Касемиро, како и за левиот бек Менди.

Двајцата вчера добија жолти картони, а пред мечот беа под закана, па така Реал ќе ги нема нив двајца на реваншот. Варвелде и Марсело се опциите за нивното пополнување на вториот меч во кој Реал ќе мора да постигне минимум еден гол и да триумфира со еден разлика за да остане во игра за пласман во 1/4 финалето. Но, за такво нешто на Реал му треба далеку подобра игра од онаа синоќа во Париз.

Се вчитува...