Дополнителен удар за Русија: ФИФА ќе им дозволи на странските играчи без отштета да си одат од руските клубови!?

Откако руските клубови и репрезентации се суспендирани од сите натпреварувања под капата на УЕФА и ФИФА, светската фудбалска куќа ФИФА го менува правилото, и задава уште еден удар на Русија.

ФИФПро веќе поднела барање до ФИФА да овозможи сите странски играчи кои се дел од руски клубови, да можат да си заминат од тимовите ако сакаат, без никаква отштета. Едноставно да избегаат ако тоа го сакаат и да си бараат друг клуб без проблеми и тоа надвор од преодниот рок.

„Ја повикуваме ФИФА да го стори тоа и да го смени правилото. Тоа мора да се направи што побрзо. Се чиниж конфликтот е причина дека можеме да ги раскинеме договорите на странските играчи без плаќање на отштета до руските клубови. Тоа го разговараме“, рече шефот на ФИФПро Луис Еверард додавајќи дека ФИФА може да ги промени плановите во итни случаи.

Ова ќе биде дополнителен удар за сите руски клубови, кои имаат голем број странци во своите редови. Кошаркарите на ЦСКА веќе си заминаа и таму се случува егзодус, а ако се донесе ова правило, тогаш се чини ќе биде случај и со фудбалерите.

Во моментов македонскиот интернационалец Давид Тошевски е дел од тимот на Ростов, но игра како позајмен во Полска, но ако се донесе ова правило може да си замине од клубот како слободен.

Се вчитува...